Баерн Минхен беше шокиран на гостувањето против Астон Вила губејќи го својот прв меч со Компани како тренер, а општ впечаток е дека вината треба да се бара кај Мануел Нојер.
Дуран постигна гол од 40 метри затоа што искусниот голман беше далеку од гол-линијата, но Џошуа Кимих веднаш по мечот гласно застана во одбрана на својот соиграч.
„Тоа беше наш слободен удар што претходеше на акцијата, затоа и сите бевме нешто понапред од вообичаеното. Добро знаете дека Ману секогаш оди малку понапред од останатите голмани, тоа му е еден од квалитети. Па на истиот меч во првото полувреме тој спречи голема шанса на Астон Вила благодарение на тоа. Многу почесто како тим имаме корист што Нојер знае да истрча напред, затоа и сега не треба вината за овој пораз да се бара кај него“, изјави Кимих.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА