Легендарната јапонска тенисерка Кимико Дате – Крум и на 46 години не сака да стави конечен крај на својата кариера. Откако се рехабилитира од двете тешки повреди на коленото, таа планира да му се врати на тенисот по пауза од една година.
Како што пренесуваат јапонските медиуми, таа ќе заигра на егзибицискиот меч против сонародничката Нао Хибино на 12.април, а потоа ќе биде дел и од турнирот во Гифу што се игра од 1. до 7. мај. Доколку биде успешна на овие настапи, Кимико Дате – Крум потоа ќе се врати и на ВТА – натпреварувањата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА