Јапонската тенисерка, Кимико Дате Крум ја заврши долгата тениска кариера, еден месец пред да наполни 47 години.
„Сакав уште да играм, но повредите си го направија своето. Имам проблеми со коленото и со рамото и време е за збогување“ – изјави Кимико Дате Крум.
За јапонската тенисерка ова ќе биде второ збогување од „белиот спорт. Таа с епрости од тенисот и во 1996 година, но по 12 сезони повторно се врати на теренот.
„Тогаш не издржав без тенисот и се вратив“– вели Дате Крум.
Во својата долга кариера, јапонската тенисерка освои осум турнири од ВТА серијата, а најдобриот пласман го забележа во 1995 година кога беше четврта на ВТА листата на најдобрите тенисерки во светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА