Манчестер Јунајтед и Ливерпил ремизираа со 2-2 во дербито на 32. коло на Премиерлигата. Гостите имаа предност од 0-1 по првото полувреме, но преку Фернандеш и Меино „црвените ѓаволи“ успеаја да направат целосен пресврт. Сепак поделбата на бодовите стигна по реализираниот пенал на Салах при самата завршница.
Тренерот на Манчестер Јунајтед говореше позитивно за својот тим кој успеа да направи целосен пресврт на пресконференцијата за медиуми што наиде на револт кај легендата на овој клуб Рој Кин кој коментирајќи ја неговата изјава се запраша дали пиел алкохол пред да излезе пред новинарите.
„Мора да испил некоја чаша вино по натпреварот. Не знам колку било јако виното, но се чинеше многу оптимистичен и го ценам поради тоа бидејќи очигледно видел нешто во тимот што јас не го видов. Манчестер Јунајтед игра како тим од средината на табелата, како некој мал клуб, не знаете со што се среќавате.
Во моментот се борат со Астол Вила и Тотенхем за четвртото и петтото место и во моментот се далеку зад нив. Така да, не го разбирам неговиот оптимизам. Но, можеби тоа сум само јас, намрштен старец“, изјави Кин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА