Евертон стигна до значаен бод во борбата за опстанок во Премиерлигата откако во 29. коло ремизираше со 1-1 на домашен терен против Тотенхем. „Карамелите“ имаа негатива од 0-1 од 68. минута кога мрежата ја затресе Хари Кејн, а до изедначување стигнаа во 90. минута благодарение на Мајкл Кин и неговиот фантастичен шут надвор од шестнаесетникот.
На натпреварот на „Гудисон Парк“ двата тима останаа и со играч помалку откако црвени картони заработија Докуре во 58. минута и Лукас Мура во 88. минута.
Евертон со денешното реми стигна до 27 бод во сезоната, додека Тотенхем сега е изедначен со Манчестер Јунајтед на делба на четвртата позиција на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

