Кин: Тотенхем игра неверојатно досаден фудбал

Фудбалерите на Тотенхем загубија на домашен терен од Манчестер Јунајтед и веднаш добија критики од сите страни. Очајната партија на популарните „спарси“ веднаш ја потенцираше и легендарниот Рој Кин.

Популарниот Кин констатираше дека Тотенхем игра очајно досаден фудбал.

„Тотенхем е неверојатно досаден за гледање.Таму мора нешто да се менува. Има голем проблем. Губите со 2:0 а вашите дефанзивци и на корнер остануваат во нивната половина додека противникот се брани со сите единаесет. Тоа нема логика“, потенцираше Кин.

Се вчитува...