Ливерпул и Манчестер Јунајтед ремизираа без голови во дербито на 17. коло во Премиерлигата што наиде на големо незадоволство кај стоперот на „црвените“ Вирџил ван Дајк кој по натпреварот го критикуваше дефанзивниот пристап на противникот изјавувајќи дека е жално што се радувале на бод.
Изјавата на Холанѓанецот пак наиде на реакција од легендата на Манчестер Јунајтед, Рој Кин кој го потсети Ван Дајк дека неговиот клуб има само една освоена титула во 33 години.
„Очигледно е дека е многу арогантен чим го омаловажува Манчестер Јунајтед. Треба да се присети дека игра за клуб кој освои само една титула во триесет години. Јунајтед е во тешка ситуацијата, баш како што беше и Ливерпул со години. Така да може таа ароганција денеска да му се одби од глава. Треба да се присети од каде доаѓа. Една титула во 33 години? Изјави дека Јунајтед се „напалил“ поради бод и дека само една екипа играла. И јас играв на „Енфилд“ многу пати со Јунајтед кога Ливерпул беше во тешка ситуација и бев задоволен со реми. Суштината е дека најважен е резултатот“, изјави Кин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА