Репрезентациите на Кина и Турција ќе се сретнат во финалето на годинашното издание на женската одбојкарска Лига на нации, кое се одржува во Соединетите Американски Држави.
Во првото полуфинале Кинезинките со максимални 3-0, по сетови 25-18, 25-23 и 25-23 славеа над Полска, која беше репрезентација со најдобар скор по регуларниот дел од натпреварувањето.
Во вториот полуфинален дуел Турчинките со 3-1 (25-21, 25-14, 24-26 и 27-25) беа подобри од домаќинот на завршниот турнир.
Мечот за третото место и финалето се закажани за денеска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА