Кина во „војна со тетоважите“, спортистите како мумии

Кинеската влада донесе бизарна одлука од која не се поштедени ни репрезентативците. Спортистите мора да ги покријат тетоважите по телото. Тоа е одлука на државниот врв и сите мора да се придржуваат на ова правило, без отстапки.

Забраната за тетоважи во Кина е воведена од јануари годинава. Па така кинеските фудбалери на неодамнешниот пријателски натпревар со Велс на терен се појавија излепени со фластери на деловите од телото на кои имаат тетоважи.

Проблем со новото кинеско правило имаат и голем број играчи од Европа кои настапиваат во Супер лигата, а имаат многу тетоважи по телото како Езекил Лавеци.

Кина влезе во „војна со тетоважите“ поради промоцијата на кинеските вредност и на „здравата култура“.

Се вчитува...