Кинан Еванс е супер-малер: Две повреди на колената за две години

Кинан Еванс важи за еден од најдобрите плејмејкери во Евролигата, но малерите со повредите го спречуваат извонредниот Американец да го покаже сиот свој талент во континуитет.

Тој ланската сезона заработи тешка повреда на коленото, оваа сезона успеа да се врати и беше предводник на Жалгирис, но неодамна заработи нова тешка повреда. Деталните лекарски прегледи покажаа нов проблем со лигментите во коленото, поради што Еванс мораше да биде опериран и му претстои пауза од шест до осум месеци од кошаркарски терени.

Олимпијакос беше многу блиску до потпис со Еванс, а според последните информации грчкиот гигант останува сериозно загреан за да го доведе американскиот плејмејкер и покрај повредата. Секако, финансиските услови ќе бидат далеку пониски од оние за кои првично беше разговарано, но „црвено-белите“ од Атина сакаат да го доведат Еванс во своите редови, за да му помогне на тимот во клучниот дел од сезоната, на почетокот од 2025 година.

Се вчитува...