Премиерлигашот Саутемптон од денес има нови сопственици, кинеската компанија „Лендер Спортс Девелопмент“ чиј сопственик е бизнисменот Жишенг Гао. Неговата компанија откупи 80% од акциите на англискиот клуб во вредност од 200 милиони фунти, oстанатите 20% остануваат во сопственост на досегашната газдарица, Катарина Либхер. Новите сопственици истакнаа дека се работи за партнерство кое ќе придонесува за развивање на клубот, нивната цел е да помогнат на Саутемптон да достигне нови височини во англискиот и европскиот фудбал.
„По успешните преговори можам да потврдам дека „Лендер Спортс Девелопмент“ се нашите нови ко-сопственици на клубот. Семејството Гао има амбициозен план кој ќе помогне на Саутемптон да продолжи по овој пат, но и да освојува нови врвови. Јас, Катарина Лихбер заедно со Жишенг Гао и неговата ќерка Нели Гао, отсега заедно ќе донесуваме одлуки за доброто на клубот. Се надевам дека напите амбиции ќе ни бидат столбот на нашата долгогодишна соработка“, пишува во соопштението на Лихбер.
Новиот соственик нема да има лесен почеток, останува прашањето околу иднината на нивниот фудбалер, Вирџил Ван Дајк. Холанѓанецот нема намера да остане на „Сент Мери“, но Гао е оптимистич дека може да ги задоволи потребите на дефанзивниот фудбалер.
„Задоволство ми е да истакнам дека сме партнери на фудбалскиот клуб Саутемптон заедно со Катарина Лихбер, која заедно со нејзиниот татко е една од најзаслужните за моменталниот статус на овој клуб. Имаме заедничка мотивација константно да го подобруваме клубот, и се надевам да успешна и долга соработка“, се обрати Гао преку соопштението на Саутепмтон.
Саутемптон е 28. клуб кој е под водство на кинески газди, а сега е и седмиот клуб од Англија со капитал од оваа азиска држава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА