Легендарниот фудбалер на Барселона, Андрес Иниеста, доби необична понуда од Кина. Богатиот кинески клуб Тијанџин Кванџиан за кој настапува Пато, на шпанскиот фудбалер му нуди годишна плата од 30 милиони евра и како бонус – откуп на две милиони шишиња од неговото вино!
Иниеста поседува винарија „Бодега Иниеста“ која се наоѓа во близина на Албасете, во источниот дел на Шпанија. Првите вина во винаријата на Иниеста се произведени во 2010 година, а од пред две години, освен во Шпанија, вината се продаваат и во Велика Британија.
Андрес Иниеста целата своја сенорска кариера ја помина во Барселона за која настапува уште од 1996 година, а неодамна потпиша и доживотен договор со каталонскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА