Еден од најуспешните тимови од Кина, Гуангжу, е исфрлен од лигата поради преголеми долгови.
Овој клуб, кој е најтрофејниот во Кина, не успеа да најде заеднички јазик со челниците на лигата и со тоа беше исфрлен од професионалната лига.
Во последните години Гуангжу минува низ тежок период, пред се на финансиски план, бидејќи главниот финансиер на клубот доживеа колапс поради што загуби многу пари по колапсот на градежниот сектор.
Тоа се одрази и на теренот, па во 2022 година испадна во Втората лига.
Инаку, дресот на овој клуб, кој во своите витрини има две титули во азиската Лига на шампиони, во својот тим имаше неколку одлични играчи како Робињо, Паулињо, Алберто Џилардино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА