Кинески план: Милионски трансфери и 50.000 фудбалски академии!

Кина е решена да фати приклучок со големите фудбалски велесили. И имаат план како да го оствaрат тоа. Освен милионските трансфери со кои ги привлекуваат големите фудбалски имиња во кинеските клубови, систематски се вложува и во создавањето на сопствена база во младите категории. Фудбалската федерација на Кина планира до 2025 година да отвори 50.000 фудбалски академии во склоп на амбициозниот план на земјата да прерасне во фудбалска велесила.

Тоа е добар начин да се пронајдат таленти за иднината. Напредокот на кинескиот фудбал не е повеќе само сон“ – изјави претседателот на Фудбалската федерација на Кина, Ванг Денгфенг.

Планот за отворање на 50.000 фудбалски академии повеќе од двојно го надминува претходниот план на ФФК според во кој беа предвидени 20.000 школи за фудбал до 2020 година.

Според овој план, ФФК планира секоја школа во просек да обучува по околу 1.000 млади играчи со што би се исполнила целта поставена уште минатата година Кина да има 50 милиони фудбалери.

Се вчитува...