Еден од најталентираните кинески фудбалери, Јулијанг Су е нов играч на белградски Графичар. Поради неговиот фудбалски талент и африканските гени (татко Нигериец), Су го доби прекарот „кинескиот Мбапе“.
Игра како крилен напаѓач, но може да се носи на сите позиции пред противничкиот гол. Порасна во академијата на Гвангжу Сити, за кого на 16 години дебитираше во Суперлигата.
Тој беше дел и од програмата низ која заедно со уште неколку сонародници помина низ школата на Атлетико Мадрид.
„Дојдов во Графичар, бидејќи мислам дека ова е одличен клуб за развој на млади фудбалери. Ми се допаѓа и околината и одличната атмосфера што веднаш ја почувствував. Се надевам дека ќе ја подобрам мојата игра во наредните месеци и дека ќе придонесам за успехот на тимот“, изјави Су.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА