Кинескиот клуб Хебеи форчун испрати нова мегапонуда до Реал Мадрид за ангажман на колумбискиот интернационалец Хамес Родригез. Тимот на чие кормило е Мануел Пелегрини, некогашниот тренер на „кралскиот клуб“ би платил неверојатни 95 милиони фунти за да го одведе офанзивниот играч за врска на Далечниот Исток. Тоа би бил и нов трансфер рекорд, а и Колумбиецот воопшто не би поминал лошо на финансиски план.
Хебеи на Хамес Родригез му нуди неделна плата од 500.000 фунти, што е енормно повеќе од неговата сегашна заработка во редовите на Реал Мадрид.
Челниците на Хебеи се сретнаа неодамна со Флорентино Перез во Дубаи, на манифестацијата „Глоуб сокер авордс“, и тогаш Реал Мадрид доби понуда вредна 63 милиони фунти. Сепак, Хамес Родригез не беше расположен да ја продолжи кариерата во Кина. Сега понудата е драстично зголемена, но прашање е дали и тоа ќе го смени размислувањето на Колумбиецот за заминување од Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА