Кинеското чудо од дете дебитираше на Светско првенство

Светската јавност денеска имаше можност да се запознае со кинеското чудо од дете, 12-годишната пливачка Зиди Ју, која дебитираше на Светското првенство во Сингапур.

Девојчето, кое учи во основно училиште во северната кинеска покраина Хебеј, пливаше во квалификациите на 200 метри мешано и влезе во полуфиналето со време од (2:11,90 минути), што е за една секунда и 27 стотинки побавно од нејзиниот најдобар резултат оваа сезона. Сепак, тоа е нејзината најслаба од трите дисциплини во кои ќе се натпреварува во Сингапур. Таа ќе плива и на 400 метри мешано и 200 метри пеперутка.

На Националното првенство на Кина, одржано во мај во Шенжен, Ју победи на 400 метри мешано и 200 метри пеперутка, додека беше втора во 200 метри мешано.

Се вчитува...