Најдобриот снукер играч на сите времиња, Рони О’Саливен доживеа вистински срам во полуфиналето на Светското првенство кое што се игра во „Крусибл“ театарот во Шефилд.
Тој беше прегазен од кинеската сензација, Жао Шиотонг со 17-7. Срамот да биде поголем, популарниот Рони не ни успеа да го одведе мечот во последната сесија која беше закажана за утре од 15.30 часот.
Жао во моментов не е меѓу професионалните снукер играчи, а на патот до полуфиналето мораше да одигра дури и четири квалификациски меча.
Во финалето Жао го чека подобриот од дуелот меѓу Џад Трамп и Марк Вилијамс. По две одиграни сесии резултатот е нерешен 8-8.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

