Кинезите доживотно суспендираа 43 фудбалери и спортски работници за местење натпревари

Фудбалскиот сојуз на Кина доживотно суспендира 43 лица под обвинение за местење натпревари и други облици на корупциј, во најновиот обид да се искорени корупцијата од екипните спортови.

На официјална прес-конференција во Далијан, од полицијата информираа дека двегодишната истрага открила серија случаи на обложување, местење натпревари и подмитување.

Со истрагата биле опфатени 120 натпревари од кинеската лига, 128 се осомничени за криминал и 41 клуб. Од суспендираните петмина се челници на клубови и 38 фудбалери. Меѓу фудбалерите кои се доживотно суспендирани се и поранешните репрезентативци на Кина, Џин Џингдао, Гуо Тјанју и Гу Чао.

Суспендирани, но на пет години, се и дел странски фудбалери кои играат во Кина.

Се вчитува...