Пријателскиот натпревар меѓу Нигерија и Аргентина, кој во март требаше да се одигра во Хангжу, Кина, го откажаа локалните власти. Тоа е продолжение на драмата која настана во Кина бидејќи Лионел Меси не настапи на пријателскиот натпревар со тимот од Хонг Конг…
Пријателскиот натпревар помеѓу Хонг Конг Ол-старс и Интер Мајами предизвика многу проблеми. Се најавуваше настапот на Лионел Меси, Аргентинецот не влезе во игра, а како причина беше наведена неговата повреда.
Тоа не ги утеши навивачите кои платија големи суми за да присуствуваат на натпреварот, а дополнително ги повреди тоа што Меси одигра половина час на пријателскиот натпревар со Висел Коби три дена подоцна. Незадоволството се прошири и на националната кинеска телевизија, а сега доби дополнителна димензија.
Имено, во периодот од 18. до 25. март, „гаучосите“ требаше да одиграат два пријателски натпревари во Кина, прво против Нигерија во Хангжу, а потоа и против Брегот на Слоновата Коска во Пекинг.
Сепак, првиот од нив нема да се случи бидејќи властите во Хангжу го откажаа. Аргентинскиот фудбалски сојуз сега бара друга локација за мечот со Нигеријците, додека натпреварот против Брегот на Слоновата Коска ќе се одигра барем засега според планираното.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

