Андрес Иниеста синоќа го одигра своето последно „Ел класико“, за денеска да добие шокантни вести – кинескиот клуб Чонгкинг се откажа од намерата да го доведе овој фудбалски генијалец во своите редови. Трансферот се чинеше како готова работа, Иниеста веќе и се фотографираше со дрес на овој клуб, а газдата се согласи како дел од трансферот да го увезе во Кина сето вино што асот на Барселона го произвел во својот приватен бизнис во изминатите години.
Затоа, шокантно делуваше денешното соопштение на Чонгкинг, во кое кинескиот клуб објави дека планира да ги троши своите пари рационално, а со Иниеста ќе соработува на комерцијален план, но нема да потпише професионален фудбалски договор.
Според последните информации, Иниеста нема да се сели во Кина, туку во Јапонија, во клуб чие име засега се чува во тајност. Зад целиот трансфер стои јапонската компанија „Ракунен“, која е главен спонзор на Барселона и сака преку Иниеста да направи фудбалска еуфорија во својата земја. Пеп Гвардиола не крие дека сака да го доведе својот поранешен играч во Манчестер сити, но шпанскиот ас барем засега е дециден на ставот, заминувањето од Барса ќе значи и негово заминување од европскиот фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА