Фудбалот во Кина е во голема експанзија, а клубовите трошат огромни пари. Ова дури сериозно го загрозува брендот што досега го имаше Премиер – лигата, како натпреварување каде се прават најголемите трансфери и се инвестира најмногу во ангажман на нови засилувања. Првпат по подолг период, сега Кина го има приматот.
Најголем е трансферот на Бразилецот Оскар, кој токму од Челси се пресели во Шангај СИПГ за сума од 60 милиони евра. Во оваа земја заминаа и фудбалери како Карлос Тевез, Хулк, Аксел Витсел, Александре Пато, Ентони Модесте…
Во последниот преоден рок во Кина се потрошени 388 милиони евра за ангажман на нови фудбалери. Ова е речиси за една третина повеќе од инвестициите на клубовите од Премиер – лигата. Вкупно, за трансфери на нови играчи во Англија се инвестирани 259 милиони евра. Ова покажува дека сепак моќта на парите е пресудна и дека лесно може да се случи Премиер – лигата да падме во втор план, иако кинескиот пазар засега е сепак далечен за Европа, барем кога е во прашање следењето на фудбалските натпревари и ТВ правата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА