Кинезот Пан го урна првиот светски рекорд на ЛОИ во Париз

Кинескиот пливач Жанле Пан е првиот кој успеа да урне светски рекорд на Летните олимписки игри во Париз.

Пан ја заокружи неверојатната вечер во „Акватик центарот“ во Париз подобрувајќи го својот светски рекорд за злато на трката на 100 метри слободно. Кинезот делницата ја исплива за време од 46.40 секунди што беше за 40 стотинки од досегашниот светски рекорд.

Сребрениот медал му припадна на Австралиецот, Кајл Челмерс, додека со бронза се закити златниот од двесте метри слободно, Романецот Давид Поповичи.

Се вчитува...