Македонската одбојкарска репрезентација со победа од 3-0 против Кипар го отвори турнирот од Европската сребрена лига. „Спартанците“ ја контролираа играта од почетокот до крајот на натпреварот со што ја оправдаа фавористката улгоа и ја забележаа 71. победа во својата истроија.
Македонија одлично го започна натпреварот и веќе во првиот сет славеше со 21-25. Добрата игра на „црвено-жолтите“ продолжи и во останатиот дел од натпреварот, славејќи во преостанатите два сета со идентична разлика (21-25).
Никола Ѓорѓиев со 20 поени беше предводник на нашата репрезентација, а него го следеше Александар Љафтов со 11 погодоци. Седум поени забележа Владо Милев, додека пет погодоци додаде Ристо Николов.
Во следниот натпревар нашите репрезентативци силите ќе си ги одмерат со Израел со почеток од 20 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА