Олимпискиот шампион Елиуд Кипчоге постави ново најдобро време во маратонската трка. Кениецот на денешниот маратон во Берлин го урна светскиот рекорд на неговиот сонародник Денис Кимето, подобрувајќи го за една минута и 17 секунди. Новиот светски рекорд зад кој сега е потпишано името на Елиуд Кипчоге изнесува 2:01.40 часа.
33-годишниот Кипчоге, кој беше победник на маратонот во Берлин и во 2015 година, го остави зад себе сонародникот Амос Кипруто, а на третата позиција се пласираше Вилсон Кипсанг.
Светскиот рекорд во маратон е во сопственост на Кенијците од 2011 година. Патрик Макау тогаш постави најдобро време 2:03.38 часа, потоа го подобри Вилсон Кипсанг (2:03.23 часа), а Денис Кимето го урна во 2:02.57 часа. И сите светски рекорди се поставени на маратонот во Берлин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА