Еден од најпознатите маратон трчачи во историјата на атлетиката Елиуд Кипчоге, во недела ќе го трча својот последен маратон како професионален тркач. 40-годишниот Кипчоге најави дека трката во Њујорк ќе му биде последна како професионалец.
Кениецот го држеше рекордот во маратон од 2018 до 2023 година, кога на маратонот во Берлин истрча најпрво 2:01.39 во 2018 година, а потоа 2:01.09 во 2022 година. Меѓутоа тој рекорд беше урнат од неговиот сонародник Келвин Киптум во 2023 година на маратонот во Чикаго, кога истрча 2:00.35, што и натаму е актуелен рекорд.
Во интервју за магазинот „Олимписки игри“ оваа недела, кажа дека планот му е да се пензионира од маратонското трчање, но дека ќе ја соопшти конечната одлука после трката, и не откри што ќе работи после професионалната кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

