Кениската атлетичарка Фејт Кипјегон го освои златниот медал во дисциплината 1.500 метри на Светското првенство во Будимпешта. Таа ја истрча дистанцата за време од 3:54,87 минути. Ова е трет златен медал по ред за Кипјегон.
Велтеји од Етиопија беше второпласирана, додека на пиедесталот се искачи и Сифан Хасан од Холандија.
Сензационална победничка во фрлање диск е Лалага Тасага, која го имаше најдобриот резултат во својата кариера. Таа во петтата серија фрли 69,49 метри, и така ја победи нејзината сонародничка Валери Олман која фрли 69,23 метри.
Бин Фенкг од Кина освои бронза со фрлање од 68,2 метри. Една од главните фаворитки Сандра Перковиќ од Хрватска целосно потфрли и заврши на петтото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА