Киплимо го урна рекордот во полумаратон

Угандскиот атлетичар Јакоб Киплимо испиша нова страница во историјата на атлетиката. На полумаратон во Лисабон, тој ја истрча делницата од 21,097 км за фантастични 57:20 минути, со што го подобри светскиот рекорд за 10 секунди.

Претходниот рекорд (57:30) го држеше Етиопјанецот Јомиф Кејелча од 2024 година во Валенсија. Киплимо кој е троен светски првак во крос, го врати тронот на истиот терен каде во 2021 година првпат постави рекорд (57:31).

Со овој фантастичен настап, 25-годишниот Киплимо се потврди како еден од најголемите тркачи на сите времиња во полумаратонската дисциплина.

Се вчитува...