Женската ракометна репрезентација на Македонија ја очекува бараж двомечот проти Украина за пласман на Светското првенство кое на крајот на годината ќе се игра во Данска, Норвешка и Шведска.
Левиот бек на националната репрезентација, Јована Кипријановска пред двомечот со Украина вели дека тие се подготвени да го дадат својот максимум да се пласираат на Светско првенство.
„Овој двомеч со Украина е од историско значење за оваа млада генерација бидејќи победа не носи на долго посакуваното Светско првентство. Украина е квалитетна репрезентација, добар противник, но нашата репрезентација е подготвена да се соочи со таков противник. Сите девојки се подготвени да го дадат максимумот и одиме на победа. Украина е состав од искусни, но и млади репрезентативки. Ова за нас е вистински момент да го покажеме нашиот квалитет и да се пласираме на големото светско првентсво за кое сите целиме“, вели Кипријановска.
Македонија првиот натпревар против Украина го игра на 8. април (сабота) во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, додека реваншот кој ќе се игра на неутрален терен во Унгарија е закажан за 11. април.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА