Јована Кипријановска сосема заслужено се најде во дрим-тимот од третото и четвртото квалификациско коло за ЕП 2026, по одличните изданија на нашата репрезентативка на двомечот со Белгија.
ЕХФ вообичаено објавува идеален тим за две квалификациски рунди, при што во случајов Кипријановска беше избрана за најдобар десен бек во оваа фаза од евро-квалификациите.
Нашата ракометарка со седум гола беше најефикасна при несреќниот пораз во Белгија, а потоа даде и шест гола на реваншот во Куманово во победата над истиот ривал, наметнувајќи се како еден од лидерите на оваа македонска репрезентација.
The 𝗯𝗲𝘀𝘁 𝗽𝗲𝗿𝗳𝗼𝗿𝗺𝗲𝗿𝘀 of rounds 3⃣ & 4⃣! ✨ Meet the 𝗧𝗘𝗔𝗠 𝗢𝗙 𝗧𝗛𝗘 𝗪𝗘𝗘𝗞! 😍 #ehfeuro2026 #handball #behere pic.twitter.com/P1hoodv2iy
— EHF EURO (@EHFEURO) March 10, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

