Поранешниот олимписки шампион на 1500 метри, Асбел Кипроп се откажа од докажувањето невиност во случајот против него за користење допинг. Кениецот кој е трикратен светски шампион беше позитивен на еритропеотин во неомври минатата година. Во соопштение на социјалните мрежи тој објави дека се откажува од битката со Светската атлетска федерација.
„Се откажав од битката за докажување на мојата невиност. Не затоа што користев допинг, туку затоа што немам финансии за правната битка“ – напиша Кипроп.
Единицата за интегритет, независното тело кое го контролира допингот во атлетиката откри дека допинг случајот со Кипроп го откриле контролори кои што тој ги познавал. Тој пак тврдеше дека лицата што го правеле тестот му побарел одредена сума пари, тој ги одбил и потоа тестот излегол позитивен.
Кипроп заврши втор на Олимписките игри во Пекинг, но подоцна го доби златото откако Рашид Рамзи падна на допинг тест. Потоа во 2011, 2013 и во 2015 го освои златните медали на 1500 метри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА