Кире доби слободно од Мрме, па ја побара ќерката на Ќириќ за жена (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Кире Маркоски доби слободни денови од селекторот Игор Ангеловски по приклучувањето на репрезентативните подготовки а во очекување на официјалниот подготвителен старт на 3. јуни за квалификациските натпревари со Полска и со Австрија.

Па, „слободното време“ охриѓанецот Маркоски го искористи во Охрид да го прослави роденденот на својата девојка Ана-Марија Ќириќ, инаку ќерка на легендата на македонскиот фудбал Саша Ќириќ… И, Маркоски одлучи во иднина да не биде повеќе „слободен“…, па како роденденски подарок си ја побара раката на Ана-Марија…. Која на задоволство на Кире – кажа ДА!

Се вчитува...