Барселона сосема очекувано стигна до нова титула во АСОБАЛ лигата… Сето тоа, вообичаено, каталонскиот тим го прослави со „коктел забава“ во Барселона за сите свои членови, блиски пријатели и деловни партнери.
Секако меѓу нив и македонските репрезентативци Кирил Лазаров и Борко Ристовски, кои имаа и тоа како значајна улога во новата шампионска круна на Барса.
Кире Лазаров оваа сезона стигна и до бројката од 950 погодоци во АСОБАЛ лигата постигнати во изминатите седум години во кои настапуваше прво за Сиудад реал и за Атлетико Мадрид, а во изминатите четири години во дресот на Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА