Кире Лазаров и Нант без апсолутно никакви проблеми обезбедија пласман во полуфиналето од Купот на Франција, откако го добија денешниот четвртфинален дуел со Иври со убедливи 43-26.
Нант уште во раната фаза создаде удобна предност, овозможувајќи му на тренерот Ентрериос да ротира со екипата повеќе од вообичаено. Во една таква ситуација и Лазаров се подреди на колективот, па постигна три гола од три обиди за седум метри, воедно и асистирајќи три пати до соиграчите.
Аугустинусен со седум гола беше прв стрелец на Нант, пет постигна младиот Брие, додека голманот Нилсен го заврши натпреварот со девет успешни интервенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА