Најдобриот македонски ракометар, а од минатата сезона и селектор на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров денеска доби свое мултифункционално игралиште, кое и официјално го пушти во употреба.
Во организација на Видеолотарија на Македонија, легендата на македонскиот и светиниколскиот ракомет Кирил Лазаров, автомобилскиот ас Иџе Стефановски, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), ЈКП Комуналец и други помагатели денес беше пуштен во употреба овој проект во Свети Николе, насловен како мултифункционалното спортско игралиште ,,Кирил Лазаров “.
Лазаров како бренд амбасадар на Видеолотарија се потсети на своите почетоци, бидејќи токму на ова игралиште ги направи првите чекори. Сега со комплетното реновирање и беспрекорниот изглед, младите спортисти од Свети Николе ќе имаат одлични услови за надградба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА