Кире Лазаров е подготвен за камбек на ракометните терени, по повредата што македонскиот капитен и селектор ја заработи непосредно пред стартот на ЕП 2022 во Дебрецин.
„Бомбардерот“ го пропушти целокупниот европски шампионат за националниот тим, а потоа и премиерните средби на Нант во 2022 година, но Лазаров конечно ги надмина проблемите со повредата и ќе се најде во составот за претстојниот меч со Сан Рафаел.
Токму камбекот на Македонецот е клучно засилување за Нант во пресрет на овој меч, а добра вест е што Лазаров навреме го санираше проблемот и би требало во топ-форма да ги дочека баражите со Романија закажани за средината од следниот месец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА