Кире Лазаров го исполни ветувањето кон својот најверен навивач во Нант

Два дена по потпишувањето на новиот двегодишен договор со Нант, Кире Лазаров го исполни и ветувањето кон неговиот најверен навивач во Нант, малиот Кантен кој го замоли да остане во францускиот клуб.

Таткото на момченцето му испрати порака на Лазаров во која му пишува дека неговиот син Кантен е негов голем фан и е многу тажен што договорот му завршува на крајот на сезоната. Тој му побара дрес и го замоли да остане.

Кога го потпиша новиот договор со Нант, Кире му испрати порака на својот мал обожавател и таа убава приказна беше забележана во видеото што го објави Нант при потпишувањето на договорот.

Денеска Кире го исполни и другото ветување, се сретна со Кантен и му подари дрес, а радоста на момчето беше неизмерна по средбата со својот идол.

 

Се вчитува...