Кире Лазаров го торпедира Веспрем (видео)

Кире Лазаров и Нант имаат предност од четири гола (16-12) по првото полувреме од првиот четвртфинален меч од Лигата на Шампионите против Веспрем.

Меѓу најзаслужните е токму македонскиот капитен, кој со три погодоци донесе пресврт откако влезе во игра во 16. минута и му помогна на Нант негативата од три гола (7-10) да ја претвори во „плус четири“.

„Погледнете, Кире Лазаров прави работите да изгледаат толку едноставни“, беше напишано на официјалниот твитер-профил на Лигата на Шампионите, крај видеото од третиот гол на Македонецот во ова четвртфинале.

Се вчитува...