Кире Лазаров и Французите го отвораат шоуто во Келн

Нант со Кире Лазаров и ПСЖ со сите ѕвезди, денеска (15.15 ч) во „Ланксес Арена“ ќе го отворат деветото издание на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите во Келн. Во второто полуфинале (18 ч.) се среќаваат Вардар и третиот француски преставник на овој Ф4, Монпелје.

За парискиот тим ова е трето учество по ред на завршниот турнир во ЛШ, а за Нант ова ќе биде деби во големата четворка во наелитното ракометно натпреварување. ПСЖ се надева на трета среќа за да стигне до европската титула и шампионски да се збогува со тренерот Нока Сердарушиќ. Нант пак, растоварен од притисокот, ја чека својата шанса и продолжението на традицијата што ги следи дебитантите на Ф4 турнирот во Келн.

Не одам во Келн за да купам парфем за баба ми и да бидам само спореден лик на забавата. Сега кога се квалификаувавме, на Ф4 сме за да победиме!“ – оптимистички најави тренерот на Нант, Тиери Анти.

Во дебитантскиот состав на Нант, Кире Лазаров го носи искуството. За македонскиот капитен ова е шести настап на Ф4 турнирот во Келн со четврти различен клуб. Освен ова ретко постигнување, Лазаров е блиску и до нов рекорд – да стане најдобар стрелец во историјата на Ф4 турнирните. Од досегашниот рекорд што го дрѓат Филип Јиха и Мормир Илиќ со по 56, Лазарив го делат само пет гола.

„Мој приоритет е да му помогнам на тимот, не да бркам рекорд. Среќен сум што успеавме со Нант да стигнеме до Ф4. Нема се предаваме и нема да се носиме како аутсајдери. Ќе одиграме храбро и карактерно против ПСЖ. Ова е голем успех за Нант во својата втора сезона во ЛШ да стигне до завршницата. Знаеме колку е тешко да се стигне до Ф4 во ЛШ и кои се клубови остнаа без настап во Келн“– истакнува Кире Лазаров.

Пред денешното полуфинале во ЛШ, македонскиот капитен посака уште една работа:

„Очекувам македонските навивачи да навиваат за Нант во полуфиналето, за да има Вардар полесен противник во финалето, ако помине, а верувам дека ќе помине затоа што е голем фаворит против Монпелје“ – малку во шега, малку сериозно, најави Кире Лазаров.

Дуелот меѓу Нант и ПСЖ е трето полуфинале во историјата на Ф4 турнирот во ЛШ во кое меѓусебе ќе играат два тима од иста земја. Претходно тоа беше резервирано за Германците ( Кил против Берлин во 2012 и Кил против Хамбург во 2013).

Ова ќе биде петти меѓусебен  дуел на Нант и на ПСЖ сезонава, но прв надвор од Франција. Овој француски дуел освен за македонската поради Лазаров, интересен е и за германската публика поради дуелот на единствените двајца германски ракометари на овој турнир – Уве Генсхајмер во дресот на ПСЖ и Доминик Клајн во составот на Нант.

 

Се вчитува...