Кире Лазаров и натаму популарен во Хрватска: Во Алкалоид има многу желба и ентузијазам

Екипата на Алкалоид се наоѓа на турнеја во Хрватска. РК Загреб и МРК Сесвете во Јелковац го нагостија македонскиот вицепрвак, а пред неколку дена македонскиот тим беше гостин и на Нексе.

Тимот, за кого хрватските медиуми пишуваат дека е нов успешен проект во македонскиот ракомет, предводен од Кире Лазаров, е популарен низ медиумите токму поради тоа што тренер е легендата на Загреб.

Лазаров даде изјава за хрватските медиуми.

„Алкалоид е еден нов и млад проект во нашиот ракомет. Во овој проект има многу селектирани македонски играчи. Јас тука дојдов без многу размислување. Има доста сениорски и млади репрезентативци. Ми се допаѓа затоа што има многу желба и ентузијазам“, рече Лазаров за „24 сата“. 

Се вчитува...