Македонскиот репрезентативец Кире Лазаров е избран за најдобар ракометар за месец ноември во екипата на Нант.
Поранешниот европски вицепрвак редовно има гласање на официјалната веб-страница, а Лазаров сосема заслужено собра дури 38.9% од вкупните гласови. Наградата ќе му биде врачена на Македонецот пред следниот домашен натпревар што Нант ќе го игра во француското првенство.
Добрата форма на Лазаров на еден месец до почетокот на ЕП 2020 е одлична вест и за нашиот национален тим. Капитенот ќе се приклучи на подготовките на репрезентацијата на 2 јануари, кога националниот тим ќе замине за Словенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА