Кире Лазаров избран за најдобар десен бек на деценијата, Дибиров од Вардар најдобро лево крило

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров е избран за најдобар десен бек на деценијата во светот, согласно изборот на читателите на специјализираната ракометна интернет-страница „Хендбол планет“.

Лазаров доби 67% од вкупните гласови околу изборот за ракометар на десната бековска позиција. Македонскиот репрезентативец доби 6.400 гласа, а далеку зад него останаа Ласло Наѓ (23% од гласовите, 2,179 гласа) и Алекс Душебајев (10% од гласовите, 997 гласа). Лазаров доби и најмногу гласови од жирито – вкупно 34.

За најдобар ракометар во последната деценија избран е францускиот репрезентативец и член на ПСЖ, Никола Карабатиќ, а на позицијата најдобро лево крило е избран актуелниот ракометар на Вардар, Русинот Тимур Дибиров.

НАЈДОБРИОТ ТИМ НА ДЕЦЕНИЈАТА:

Голман: Арпад Штербик (пензиониран)

Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)

Десно крило: Лук Абало (Елверум)

Лев бек: Микел Хансен (ПСЖ)

Десен бек: Кирил Лазаров (Нант)

Плејмејкер: Домагој Дувњак (Кил)

Пивот: Бјарте Мирхол (Скјерн)

Најдобар дефанзивец: Виран Морос (ПСЖ)

Се вчитува...