Кире Лазаров од денеска официјално ја почна новата епизода во својата фантастична кариера, појавувајќи се на првата прозивка на екипата на Нант. По бројните освоени трофеи во Шпанија, во дресот на Сиудад Реал, Атлетико Мадрид и Барселона, македонскиот „бомбардер“ се реши за нов предизвик прифаќајќи преселба во силната француска лига.
Нант е новиот клуб на капитенот на нашиот национален тим, а токму Лазаров ќе биде главниот адут на овој тим во обидот да стигне барем до еден трофеј крај моќниот дрим-тим на ПСЖ, но и останатите квалитетни екипи кои се дел од елитното француско ракометно друштво.
Ракометарите на Нант во следните шест седмици ги очекуваат пеколни подготовки и квалитетни контролни средби, по што овој тим покрај во домашните натпреварувања, ќе биде дел и од групата Б од Лигата на шампионите, каде ќе се сретне со Вардар, Некар Левен, Барселона, Загреб, Висла Плок, Пик Сегед и Кристијанштад.
Во првото коло од ЛШ закажано за 15 септември Нант на домашен терен ќе го пречека тимот на Пик Сегед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА