Кире Лазаров уште еднаш потврди дека се наоѓа во одлична форма пред пртстојниот прв настап со Нант во завршницата од Лигата на шампионите во Келн. Македонскиот капитен беше прв стрелец на Нант во триумфот против Иври со 31-22 во натпреварот од францускиот шампионат. Лазаров го заврши мечот со пет погодоци од седум обиди.
Нант имаше контрола на играта и континуирано водство во текот на целиот натпревар. Уште по првото полувреме оствари предност од девет гола разлика (19-10), а потоа рутинирано ја сочува позитивата до крај.
Со 33 бода Нант се издвои на третото место на табелата зад Монпелје и ПСЖ кои се на првите две позиции со по 39 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА