Кире Лазаров: Немаше да биде незаслужено и Вардар да победеше, но ете…

Стратегот на Алкалоид, Кире Лазаров сосема очекувано и тоа како задоволен по историскиот пласман на неговиот тим во финалето од Купот на Македонија.

Алкалоид ќе се бори за трофејот во најмасовното домашно клупско натпреварување откако славеше со 25-24 против Вардар во полуфиналната пресметка.

„Јас секогаш имам максимална почит за Вардар и за се што направил за македонскиот ракомет, и за титулите и за традицијата, и секако знаевме дека ќе биде многу тешко. Но, имавме добар натпревар, максимална ментална стабилност и тоа не води напред. Нашите играчи растат со секој нов натпревар. Немаше да биде незаслужено и Вардар да победи и да се пласира во финалето. Но, одлучи ете еден момент…. Овој Вардар е секогаш тешко да се победи, но ние успеавме да славиме за што навистина им честитам на играчите“ – истакна Лаззаров по мечот.

А, според македонскиот селектор пресуди тоа што Алкалоид функционираше како тим низ целиот тек на дуелот.

„Мислам дека функциониравме добро како тим и тоа е клучно. Галевски, да, одлучи на крајот и може да се издвои како поединец кој пресуди, но мислам дека целиот тим беше навистина максимално мотивиран и желен за ова финале“.

Се вчитува...