ЕКИПА во Келн,
Стеван Цаневски
Ракометната репрезентација на Македонија ќе игра за 15.место на Светското првенство во Германија, откако го загуби дуелот против Русија со 30-28, прв меч на „Президент куп“. Серијата порази продолжи, а капитенот Кире Лазаров детектираше дека ракометарите повторно промашија многу зицери.
„Ни се повторуваат истите работи на сите натпревари, голманот на противникот е најдобар на теренот. Имавме шанси, но Русија е квалитетна, има порази само од Бразил и од Франција и не е срам да се загуби од таква репрезентација. Но, загрижувачки е тоа што не успеавме да погодиме, ќе ни треба посебен тренер за шутеви, за да не промашуваме зицери. Малку да се пошегувам, да останеме позитивни и покрај поразот. Се разбира, има и позитивни, но и негативни страни во нашиот тим, полека заличуваме на репрезентација која има систем, знаеме зошто сме изгубиле или зошто сме победиле, ни недостасуваат неколку играчи. Се надевам дека во иднина ќе бидеме паметни и дека ќе учиме од грешките. Ќе одиграме уште еден квалтиетен натпрвар, секогаш е добро да се заврши со победа“, изјави Кире Лазаров по поразот од Русија.
Макеоднија ќе игра за 15.место на Мундијалот, а противник ќе биде поразениот од дуелот меѓу Катар и Чиле.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА