Кире Лазаров околу можна оставка: „Имам одговорност, но имаме и долгорочна стратегија…!“

Македонскиот селектор Кире Лазаров на прес-конференцијата веднаш по третиот пораз на СП 2023 се соочи и со прашањето од македонските медиуми присутни во Краков дали можеби планира и повлекување од селекторската функција како одговорност за лошиот настап на собирот на најдобрите во Полска.

„Да, имам одговорност, но треба да се знае дека за нас во овој момент успех беше и што сме на ова Светско првенство меѓу најдобрите во светот. Имаме и долгорочна стратегија пред нас. Факт е дека претходно бевме со искусни играчи кои ни помогнаа да дојдеме тука. Знаевме дека ќе биде тешко да се игра на високо ниво, и видовме сега дека не е исто без оние искусните кои долги години го носеа товарот на репрезентација“ – рече Лазаров и дополни:

„Искрено не сум изненаден од поразите. Ние реално не сме подобри од трите ривали, но не сме ниту толку лоши па да губиме десет гола разлика. За тоа сум премногу разочаран“.

Се вчитува...