ЕКИПА во Минхен,
Стеван Цаневски
Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров искажа поголемо задоволство од играта на националниот на мечот против Бахрен, во однос на претходната пресметка со Јапонија…
„Да, сега сум позадоволен. Мора да истакнеме дека Бахреин беше и понезгодна селекција од Јапонија. Покажавме позитивни вредности во играта, но покажавме и недозволиви падови кои ме загрижуваат. Онаа серија на десет минути без постигнат гол, со грешки во офанзивата сигурно мора да ја решиме. Но, кога се ќе се сумира, ако се види дека и помладите ракометари на овој меч добија 10-15 минути игра, ако се погледне мотивот кај нив, позитивната атмосфера тогаш секако сум задоволен“ – вели Лазаров.
А, што се однесува до мечот со Хрватска кој не очекува утре?
„Па, добро е што ние си ја завршивме задачата а Хрватите допрва ги чека трчање со Јапонците. Факт е дека Јапонија како селекција и тоа како со брзото темпо на игра физички троши противник. Тоа ете нека биде некоја предност за нас, но факт е дека Хрватска е голем фаворит. Ние ќе се обидеме да корегираме одредени недостатоци во играта покажани на двата дуели и да одиграме со 100% од силите ако сакаме позитивен резултат“ – истакна капитенот на македонската репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА