Скопје и Македонија, од 4. до 20. ноември оваа година заедно со Љубљана, Цеље и Подгорица, ќе бидат домаќини на Европското сениорско првенство за жени.
Како најава за големиот спортски настан во нашата држава, денеска Ракометната федерација на Македонија организираше прес-настан на кој покрај претседателот на РФМ, Живко Мукаетов и ЕХФ Амбасадорот на шампионатот, Гордана Нацева, присуствуваше и комплетната македонска репрезентација предводена од селекторот Кирил Лазаров.
„Сакам да му честитам на претседателот и РФМ за тоа што на Македонија ќе и овозможат да биде домаќин на едно натпреварување. Да се добие ваква организација е голема работа и се надевам дека сите заедно ќе се прикажеме во најдобро светло. Се надевам дека нашата публика ќе ја наполни салата и ќе даде поддршка на нашиот тим. И женскиот ракомет е во нагорна линија и се надевам дека во иднина ќе бидеме константни учесници на големите натпреварувања. Се работи добро и амбициозно и мислам дека сме на добар пат. Заслужуваме да имаме силен и женски ракомет. Ни претстои голем настан и можам да кажам дека ќе ми биде задоволство да бидам присутен на сите мечеви. Секогаш може од секого нешо да се научи. Поддршка од мене ќе имаат максимална. Аутсајдери сме, но фаворитите не победуваат сите секогаш“ – рече Кире Лазаров, повикувајќи ги македонските навивачи во голем број да дадат поддршка за македонските ракометарки на Европското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА