Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров повторно на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите во Келн, но сега со францускиот Нант. И повторно со можност за мегдан со македонскиот Вардар!
Но, Нант во полуфиналната пресметка утре од 15:15 часот најпрво го очекува полуфиналниот дуел со ПСЖ.
„ПСЖ е голем фаворит, но ние сезонава потврдивме дека можеме сериозно да се надигруваме буквално со секој противник. Сигурен сум дека, во секој случај, ќе биде тврд неизвесен меч“ – вели Лазаров на средбата во хотелот „Радисон Блу“ во Келн.
Минатата година, со Барселона во полуфиналето загуби од Вардар… Сега повторно сака дуел со Вардар.
„Да, секако… И тоа како посакувам дуел со Вардар во финалето на Лигата на шампионите. Би било навистина тоа извонредно и за мене и за Вардар и неговите навивачи. А, потоа во финалето нека биде што биде“ – коментира Лазаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА